Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.11.2012 20:22 - Љубчо Георгиевски колумна во ФОКУС:МАКЕДОНИСТИТЕ ВО ДЛАБОК ОФСАЈД
Автор: nikolaigatzev Категория: Политика   
Прочетен: 1976 Коментари: 2 Гласове:
2

Последна промяна: 04.11.2012 23:29

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

СИТЕ ФИРОМЦИ ТУКА ГИ ПОЗДРАВЯВУВАМ СО АРИЯТА "РАЗПАД НА ЮГОСЛАВИЯ" ОТ ЕДНОИМЕННАТА ОПЕРА ВО ИЗПОЛНЕНИЕ НА "ТРИМАТА ГОЛЕМИ СРЪБСКИ ТЕНОРИ" ....- ТИТО - МИЛОШЕВИЧ - НИКОЛИЧ !!! БЕШЕ БОСНА, БЕШЕ КОСОВО, ЗАПОЧНУВА САНДЖАК И НАКРАЯ ФИРОМ.....!!! ПОЛУВРЕМЕНАТА СВЪРШВАТ И ИДЕ ОФСАЙТ/ОВЦ-АЙТ/ ZEIT-OFF АРИЯТА СЕ ПОДДЪРЖУВА ОТ ФИРОМСКИТЕ ИЗПОЛНИТЕЛИ ГРУЕСКИ-ЛАТАС....
http://nikolaigatzev.blog.bg/politika/2012/11/04/ubcho-georgievski-kolumna-vo-fokus-makedonistite-vo-dlabok-o.1016999

Љубчо Георгиевски колумна во ФОКУС.
 
МАКЕДОНИСТИТЕ ВО ДЛАБОК ОФСАЈД
 
Уште кога почнав да се занимавам со политиката, околностите непрекинато ме мотовираа да давам осврти за многубројни историски настани и личности.Некогаш тоа беше предизвикано од чувство на неправда која во континуитет им се нанесува на некои личности или настани, друг пат заради принципиелна потреба да се демократизира погледот кон македонската историја, а во последно време станува збор за чиста иритација предизвикана од глупостите на антиквизацијата. Така беше на почетокот , иако воопшто немав намера премногу да ја мешам политиката со историјата, но непринципиелноста на југословенската историографија ме поттикнуваше јавно да се произнесам околу некои историски настани. Мене македонската историја ми е наполно јасна, а оние што се уште имаат неразјаснети прашања, единствено што треба на направат е да ја читаат во оригинал и без предубедување.
 Сеедно дали станува збор за интервјуа, или за дела од македонските преродбеници, за интревјуа или за напишани дела за македонските револоционери, или, пак, за меѓународните автори кои што го проучувале тој период. Секако, да не ги изумам и весниците чии архиви денеска се достапни на интернет. Меѓу тогашната реалност на нашите предци и реалноста креирана од денешните нивни толкувачи, не може да не се забележи енормна разлика во поимање на суштината на Македонија. Не еднаш сум си го поставил прашањето- во што е проблемот? Дали станува збор за елементарна историска неписменост на македонската елита , или, пак, огромното југословенство ( читај србоманство) ни ја блокира мислата и здраворазумклото расудување, за да почнеме да веруваме на она што изворно го напишале нашите преродбеници или оснивачи на ВМРО?
 Се плашам дека и по дваесет години ќе морам повторно да констатирам, оти очигледно нашата неизмерна колективна љубов кон Србија ни го блокира разумот за каков и да е реален осврт кон нашата историја!
 Овој текст првично беше замислен во форма на отворено писмо упатено на сите мои критичари за историските теми, на политичарите од левицата и десницата, новинари, историчари, академици, владици( кои активно го прифатија трикот, дека сега ќе се реши црковниот проблем, спин кој ќе трае се додека не заврши прославата) и на многумина други кои што ќе се препознаат. Значи, ова не е отворено писмо туку моја ламентација над македонската мизерност. Не се сомневам оти многумина, оптоварени од психолошки блокади, не се во состојба да ја сфатат поентата, затоа да преминам на главното:
 Имено, во неделата, Македонија и дозволи и и овозможи на Србија да ја обележи и прослави победата на српската армија над турската војска во 1912 година, кога Македонија де факто е поделна и распарчана. Поделбата на Македонија по Балканската војна и кај левицата и кај десницата недвосмислено се означена како најголема македонска трагедија!
 Ниту македонските комунистички историографи кои важеа за просрпски ориентирани , не се дрзнуваа да го прослават овој чисто велико-српски празник. Но, парадоксот да биде уште поголем, главен организатор и учесник во прославата беше владеачката елита, со што уште еднаш ја потврди сопствената недостојност пред ДПМНЕ да стои ВМРО!
 Да се вратам на историските собитија. Кумановската битка директно ја означува окупацијата на Вардарската Македонија. Набргу по влезот на српската армија во Македонија се креваат две востанија, Охридското и Тиквешкото, кои што крваво се задушени. По двегодишното опстојување на српска армија во Македонија, нивниот однос спрема македонскиот народ, дополнително ги поттикнува Македонците во 1914 година, во првата Светска војна , масовно да ја поздрават и да ја пречекаат бугарската армија, целата левица и десница да стане дел од бугарските институции, а македонските бригади и дивизии активно да се борат на страна на бугарската армија.
 А ние “ белоевропски“ ориентирани, со еден потез го рехабилитираме окупаторот, за жртвите спорот продолжува и се уште ни е нејасно зошто имало потреба од Охридското или Тиквешкото востание. Македонские оплченици ( доброволци) од првата Балканска војна, небаре, пак, не постоеле! И двете балкански војни како да се избришани од македонската историја. Се уште се занимаваме со “ подобни и неподобни“ Македонци кои што загинале пред сто години, а колонизаторот го рехабилитираме простум.
 Второто прашање кое што произлегува од овој чин е македонската принципиелност. Неколку години наназад Бугарија упатува пораки со намера да прославуваме заеднички личности и настани. Се сеќаваме кога премиерите Бучковски и Станишев ја покренаа обостраната иницијатива за заедничко обележување на Илиднеското-преображенско востание, каква реакција одекна , и покрај тоа што требаше да се прослави командувањето на македонксите војводи со бугарските чети во Одринско. И покрај тоа што во сите тие настани има непобитна основа за заедничко славење, ние наврапито одбиваме секаква идеја за заедничко чевствување.
 Драги мои пријатели, писатели, историчари, есеисти, овој громогласен молк по повод обележувањето на српската окупација на Македонија многу кажува за сите вас. Вие, кои што последните две децении прогонуваре бугарофили, жестоко го браните името, а ако затреба бездруго и Косово. Дваесет години неотстапно се борам против вашата непринципиелност. Иако секогаш играте на нерегуларен терен, овој пат влеговте во длабок офсајд, така што и платениот главен и страничен судија не може да ве спаси. Засега-толку. Со овој текст само сакам да ве поздравам, не и да ве именувам, вие самите ќе се препознаете.
 П.С.
 Зборот “ македонисти“ има две значења: луѓе кои што сериозно се посветиле на изучувањето на делови од македонската историја, јазик, култура... И второто , пејоративно значење, човек кој по форма се декларира дека е Македонец, а по суштина севкупниот негов културен, духовен, историски поглед и политичко сфаќање е српски. Излишно е да споменуваме кому му е посветен насловот



Тагове:   sds,   FYROM,   vmro-np,   vmro,   liubcho georgievski,   demokrati macedonia,


Гласувай:
2


Вълнообразно


1. sande - Любчо Георгиевски - един светъл лъч в мрака на Македония!
05.11.2012 11:26
Съвременен Народен Будител!

Дай му, Боже, живот и здраве!
цитирай
2. nikolaigatzev - AMIN!
05.11.2012 20:14
sande написа:
Съвременен Народен Будител!

Дай му, Боже, живот и здраве!

цитирай
Търсене

За този блог
Автор: nikolaigatzev
Категория: Политика
Прочетен: 3761087
Постинги: 709
Коментари: 2438
Гласове: 4448
Спечели и ти от своя блог!
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031